Олимписки ден во Бутел заедно со првиот човек на светскиот спорт

Денес во посета на Општина Бутел беше првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет ИОК д-р Томас Бах.

-Со над 600 учесници преку демонстрација на десетина олимписки спортови беше пречекан д-р Томас Бах. Низ традиционален пречек, преку фудбал, кошарка, одбојка, таеквондо, борење, карате, ракомет, беше организиран првиот олимпискиот ден во Општина Бутел. Општина Бутел со оваа посета добива признание за најолимписка и најспортска општина во Република Македонија!, информираше градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски кој се заблагодари на Македонскиот олимписки комитет со чија помош се реализираше овој олимписки ден.

-Олимписките игри се сон на секој спортист, како Општина Бутел ќе дадеме максимум што повеќе спортисти да станат олимпијци за да ја осетат најголемата магија во светот, рече Костовски кој уште еднаш истакна дека со особена чест го пречекал Бах -  првиот човек на олимпизмо и што тој денес на посебен начин се дружеше со нашите млади спортисти.