Ограбени менувачница и продавница

Првиот грабеж се случил вчера во 21.10 часот во СВР Скопје каде било пријавено дека околу 20.55 часот во менувачница на подрачје на општина Аеродром – Скопје, две лица со употреба на физичка сила над вработената одзеле пари.

Вториот грабеж се случил во 22:50 часот каде во во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во продажен објект на подрачје на Бит Пазар – Скопје, две лица со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет.

Од МВР известуваат дека и во двата настани се превземаат мерки за расчистување на истите.