Одрони на патниот правец Скопје - Велес, да се внимава како се вози

Како што информира ЦУК има одрони на автопатската делница Скопје-Велес на стотина метри пред тунелот во правец од Катланово за Велес. Се апелира до сите возачи кои го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни

- “Од Е-112 добиена е пријава на патниот правец Скопје - Велес, има одрони, поточно 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес. Од страна на РЦУК - Велес добиена е информација дека ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постпка” - велат од ЦУК.