Голем хуманитарен настан во Велес

Денес во Велес ќе биде организирана голема хуманитарна акција по повод празникот Св. Никола каде ќе бидат поделени вкупно 1520 празнични ручеци во периодот од 12 до 14 часот пред платото на Општинскиот суд во Велес од страна на гостилницата „БОЕМ“

Оваа голема хуманитарна акција има за цел да не остави гладен ниту еден граѓанин за време на големиот верски празник, а со собраните средства  и да му помогне на велешко семејство Димови целосно да го реновира својот дом.