Од лаптоп за секое дете дојдовме до наставник за секое дете - Бурни реакции за празнењето на македонските училишта

Поразителни бројки за земјава сподели денеска Државниот завод за статистика. 

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките.

Граѓаните вината кај лоцираат кај властите поради кои цели семејства се отселуваат во потрага по подобра иднина. 

Еве дел од реакциите на социјалните мрежи. 

Допрва ќе се затвараат паралелки и цели училишта, сѐ додека не се смени овој буџетарско-приватен систем кој е крајно деструктивен за сите полиња на општествениот систем, коментира еден фејсбук корисник.