„Системот е дефектен, нормално дека учениците ќе препишуваат кога се охрабрува папагалско учење“, вели Колозова

Професорката и активистка Катерина Колозова преку фејсбук го искажа своето мислење за тоа зошто учениците препишувале.

- Нормално дека ќе препишуваат кога се охрабрува папагалско учење и се допушта само еден можен одговор - дури и за литература. Доста по децата! Секој е мотивиран да учи ако му дозволат да мисли и ако не го казнат со свои зборови (иако точно) штом се изрази. Знаете дека по литература за секое дело има „multiple choice“, дури и за прашања што вклучуваат „интерпретација“, а има само еден можен одговор? Системот е дефектен. Според тоа - нормално дека ќе препишуваат, вели Колозова.

Колозова смета дека вистинското знаење и мислење понекогаш значи и пониска оцена.

- Вистинско знаење и мислење - значи пониска оцена! Така е поставен самиот ДИЦ, таква му е филозофијата, стандардите, а гимназиите се прилагодуваат. Некои искомплексирани полуучители кои конечно добиле малку власт да „инспекторираат“ и глумат интегритет, нека не ви ги „отвараат очите“ за очигледното - не е така, пишува професорката.