Обвинителството бараше притвор, Судот им одреди само мерки за претпазливост

Само мерки за претпазливост одреди Судот за предводникот на нападот во контролата кула за летање М-НАВ и за другите осомничени кои не избегаа од полицијата.

Обвинителството за овој настан бараше притвор и ова го квалификува како кривичното дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ,  кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор. Но вака не мислеше и судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје каде се донесоа решенија со кои на сите четири лица им се определуваат мерки за претпазливост.

-Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува:

Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, oбврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, oдземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд, соопшти Судот.

Освен овие четири лица на кои им е одреден притвор се трага по уште четвортица кои се недостапни за полицијата.