Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

-Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток), соопшти Министерството за транспорт.

Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk.

Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски.