Македонските граѓани се возат во автобуси на смртта – За една година пронајдени 468 автобуси без сопирачки

Автобуси на смртта демнат зад секој агол во земјава, а неисправност на сопирачките и на други уреди за безбедност, истечени или фалсификат дозволи и регистрации, се најчестите проблеми кои полицијата ги откри при зачестените контроли на возилата што вршат јавен превоз на патници, пишува ММС

Контролите зачестија посебно по несреќата на 23 ноември на делницата Софија – Благоевград во кој животот го загубија 45 патници од Македонија кои изгореа во пожар откако автобусот кој се враќал од Истанбул кон Скопје удрил во банкина и за кратко се запалил.

Министерството за внатрешни работи при контролите на терен постојано носи возила на вонреден технички преглед каде што се утврдува дека имале неисправни кочници.

За ММС, од министерството информирале дека во периодот од 1 јануари годинава заклучно со 16 декември поради константирани недостатоци со системот за сопирање биле санкционирани 468 автобуси кои вршат превоз на патници!