Обилни врнежи од снег: Прекин за камиони на патниот правец Гостивар-Маврово-Стража-Кичево

Македонија Пат информира дека патниот правец Гостивар – Маврово – Стража – Кичево од 12и40ч е во прекин за тешки товарни возила.

Од таму велат дека прекинот е поради обилни врнежи од снег.