Нови живеалишта за птиците во Градскиот парк

По повод 6. Октомври- меѓународниот ден на живеалиштата, денес во првиот дел на Градски парк од ЈП Паркови и зелениво поставија нови дрвени ќукарки за птици.

- Поставувањето го проследи и директорот Сефи Шабани заедно со раководниот тим, поздравувајќи ја идејата која беше доволна инспирација за вредните раце на нашите столари. Разновидната и богата вегетација во паркот е дом на голем број птици кои се повеќе од потребни и полезни во урбаните средини, информираа од претпријатието.