Нови правила: Учество во сообраќајка ќе значи многу поскапо осигурување

Според новиот правилник кој стапи на сила на почетокот на оваа година, доколку предизвикате сообраќајна несреќа тоа ќе ве чини за до 200 проценти повисока цена на осигурувањето на сите ваши возила.

Новиот правилник кој се применува од почетокот на годинава, предвидува сопственикот на возилото со кое ќе направи штета да плаќа малус или значително поскапа осигурителна полиса, се додека не ја покрие сумата од штетата, пренесува Канал 5.

Со ова најголем проблем имаат компаниите кои во својот возен парк имаат повеќе од 6 возила. Па доколку направат сообраќајна несреќа со штета тогаш на сите останати возила кои ги поседува фирмата им поскапува регистрацијата односно осигурителната полиса до максимум 200 проценти од цената која редовно треба да ја плати.

Според членот 8 покрај бонус сега се наплаќа и малус или оние што имаат до 5 моторни возила ако во измината година на осигурување имале 2 или 3 штети на возила со кои е причините штета ќе платата дополнителна премија за следната година.
За пријавени 2 штети до 50 отсто, односно за 3 до 80 проценти. За четири и повеќе штети пеналите ќе изнесуваат и до 200 отсто од осигурителната полиса.

Ова непознато за поголемиот дел од сопствениците на поголем возен парк па често луѓето кога ќе отидат на технички преглед за регистрација со возило кое никогаш не било дел од сообраќајна несреќа се  шокирани бидејќи им се бара да платат сума значително поголема од предвидената.

Во Македонија во моментов има 3200 правни субјекти кои имаат возен парк од над 6 возила. Но со примената на новиот правилник досега малу сими пенали за штета при осигурување до 200 проценти плаќаат 50 фирми.

 

air max 90 essential sale