Нови докази или обид за медиумско внимание во случајот со убиството на Вања и Панче

Вчера како што беше најавено на Јутуб каналот на српскиот поличар Срџан Ного излегоа нови докази како што тој тврди околу случајот со убиството на Вања и Панче.

Во видеото што тој го има објавено кое трае нешто помалку од 1:30 минута наводно се слуша гласот на таткото на Вања како им посочува на инспекторите и ги идентификува возилата со кои лицата поврзани со убиствата се возеле низ Скопје.

Според Ного, таткото на Вања е фактички клучниот играч и оној кој ја октрил поврзаноста на двете убиства. Дали е ова како што кажува Ного или се е поради медиумско внимание ќе оставиме на релевантните институции да се произнесат. Она што е нејасно е како овие снимки тука од Македонија воопшто се нашле во рацете на политичар во Србија.

Тој при крајот на видеото кажува дека утре ќе бидат објавени снимките од надзорните камери каде јасно се гледааат ликовите на лицата кои се наоѓаат во притвор како и ликот на починатиот Панче.

Видеото каде што го има објавено дел од разговорот можете да го слушнете подоле.