Продолжен викенд: Над 12 илјади граѓани досега заминале кон соседна Грција

Продолжениот викенд предизвика гужва на граничните премини. Повеќе од 3 илјади патници влегле во Македонија на граничниот премин Богородица, додека за излез се пријавиле околу околу 12 илјади граѓани. 

Гужви и голема фреквенција на возила утрово беше забележана на граничните премини Богородица и Табановце. Според снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта забележителни беа колоните возила кои чекаа на граничните премини. Скопје Инфо утрово информираше дека за излез од Македонија се чека повеќе од еден час

Според МВР, во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.

– За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупниот број на патници за влез и излез е 15.838, граѓани.

Продолжениот викенд голем број граѓани од земјава ќе го искористат за посета на туристичките центри, а најфреквентен е граничниот премин за влез кај јужниот каде празнично се чека и по повеќе од час во километарски колони.

За викендите и за празниците, метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени а гужви се очекуваат и во недела.