Нови детали: Претреси кај функционер од ДУИ и вработени по даночни институции

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се прават претреси на повеќе локации низ Македонија, дознава „Макфакс“.

Меѓу лицата за кои се води истражната постапка, е и функционерот во ДУИ, Исмет Гури, кој минатата недела беше неправосилно е осуден на 3,5 години. Гури се гони како вработен во Управата за јавни приходи и се сомничи за злоупотреба на функцијата. Опфатен во постапката е негов член на семејството.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал посочуваат дека детали за акцијата, на која претходела предистрага, ќе информираат по нејзиното завршување.

Неофицијално, од извори во истрагата дознаваме дека претреси се прават и во домовите на други вработени во УЈП.