Се појавуваат нови детали од пукањето што се случило предмалку во Арачиново. Како што веќе објави Скопје инфо од неофицијални инфромации повреден е градоначалникот на општината Ридван Ибраими, но повреден е и неговиот возач.
Од информациите кои пристигнуваат од терен има огромно присуство на полиција во селото, а блокирани се сите излези и влезови од селото.
Од МВР засега нема детали но се очекуваат во текот на денот.