Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ги отвори новоизградените училници во Основното училиште „Гоце Делчев“.
Осум нови училници или вкупно 569 м2 ќе бидат на располагање на учениците и наставниците со цел да добијат што подобри услови за квалитетно образование.
Во 60 години постоење на училиштето, ова е прва и единствена голема инвестиција за обезбедување подобри услови за работа во ова центарско училиште. Децата остануваат наш приоритет, а Општина Центар продолжува да работи на создавање соодветни услови за учење и растење на нашите деца, соопшти Општината.