ООУ „Ацо Шопов“ ќе добие надградба и нови училници

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кажа дека денеска започнале со подготовка на целокупната проектна документација и изработка на основен проект за надградба на ООУ Ацо Шопов.

Основниот проект ќе биде наменет за надградба и нови училници кој ќе го решат проблемот со недостатокот на училници. Новиот објект ќе се протега на околу 400 м2.

- Овој голем проект ќе го реализираме во соработка и со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Проектот веќе е влезен во програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2023, информира Костовски.