Нов напад во Белград: 15-годишно девојче со нож избоде ученик и наставничка

Девојчето Л.И. (15) со нож го нападнала ученик и наставничка во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград, објави „Блиц“.

Л.И. со кујнски нож го избодела момчето, а потоа и наставничката која се обидела да ја спречи.

На местото на инцидентот пристигнала полициска екипа, а овој напад доаѓа по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, каде што беа убиени осум ученици и еден припадник на обезбедувањето.