„Коста ќе излезе од затвор, но тие нема да излезат од гроб“: Приведено девојче во Србија

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија привеле малолетничка која на „Тик-Ток“ се снимала и го исмејувала масакрот кој се случи пред неколку дена, кога ученикот Коста К. уби осум деца и еден чувар.

Со оглед на тоа дека станува збор за малолетно лице, против родителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

-Коста кога тогаш ќе излезе од затвор, но тие никогаш нема да излезат од гроб, кажа девојчето на „Тик-Ток“.

Пред неколку дена во основното училиште „Владислав Рибникар“ се случи масакрот, кога Коста со пиштол пукаше во ученици, а засега не е познат неговиот мотив за ова злодело.