Ненамерно оштетил возило, откако се договориле дека ќе ја подмири штетата почнале да му се закануваат на телефон

Скопјанец вчера пријавил дека во Ѓорче Петров, при излегување од неговото возило оштетил друго возило кое го управувало женско лице.

Откако се договориле дека ќе ја подмири штетата, по кратко време на телефон добил закана од едно лице, објави МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.