Нема повторно да ми го направат истото!

Тој или таа, не е важно. Како ви одговара, така читајте.

Се случуваат ситуации кога во нашиот живот имаме луѓе кои многу ги сакаме и затоа им толерираме многу работи. Понекогаш тоа се груби зборови кои длабоко се врежале во нечие срце, како моторна пила, оставајќи трага која нема да биде лесно сошиена.

И понекогаш тие луѓе ни кажуваат многу работи, а понекогаш и ние реагираме со омраза. Понекогаш толку многу сакаме некој друг, а во процесот се запоставуваме себеси и сме достапни 24 часа дневно, како бензиска пумпа на која доаѓаш кога ти треба гориво.

Често се случува другата страна воопшто и да не види што прави, некои не се ни способни да видат. Барем не додека се прави оваа штета. 

Можеш да останеш, да веруваш како нема да го направи истото, но за жал, ќе го направи. 

Се’ додека таа личност не одлучи да се промени... а промената? Промената подразбира дела, а не само голи зборови.

Марина Книсел, healing терапевт