Не паничете - Не секоја ,,магла" е смог-магла во Скопје!

Откако Скопјани утрово се разбудија во магла и алармираа на енормна загаденост и непријатен мирис на воздухот во поголемиот дел од градот, а социјалните мрежи беа преполавени со фотографии од „Скопје кое никаде го немааа“, еден скопјанец смирува дека сепак е само магла, а не смог.

-Кондензација поради вчерашните врнежи и утринските повисоки температури. Не секоја ,,магла" е смог-магла. Не паничете. Скопје котлина е. Се создава после пролетен дожд ваква пареа која кондензира во џиновски облак кој наликува на магла (смог). Не е страшно. Јас сум роден и живеам во Скопје. Знам добро кога е загадено, го сподели тој својот став.