Нападнат поштар, во моментот кога им ја доставувал пратката го истепале

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(46) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека околу 11.00 часот во с.Визбегово, скопско, додека извршувал работни задачи како поштар, бил физички нападнат од Н.З.(41) и Ј.З.(30), двајцата од Скопје, на кои им доставувал пратка.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.