Поштар не доставил пратка, со тоа го оштетил лицето кое требало да ја прими

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(57) од Скопје, вработен како поштар во АД Пошта на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

Б.А., при достава на препорачани поштенски пратки – судска опомена за плаќање на такса кон лице од Скопје, не ја доставил уредно пратката на наведено место и датум и со свој потпис неовластено го потврдил приемот.

На тој начин Б.А. ѝ причинил штета на оштетената, со тоа што не ја добила навремено опомената за плаќање на такса за жалба и го пропуштила законскиот рок за поднесување на жалба по однос на имотно - правен судски процес.