Нападнат новинарот Фуркан Салиу

Нападнат е физички новинарот Фуркан Салиу додека подготвувал сторија за извршителката Весна Јакимовска, ова го објави тој самиот на Фејсбук. Како што вели тој веќе неколку месеци работи на стории поврзани со оваа извршителка.

„Чекам да дадам изјава во полициска станица. Снимавме службено, снимавме сторија за извршителката Весна Јакимовска. Таа ни го искрши микрофонот мене ме нападна физички и веруваме дека Обвинителството полицијата ќе бидат праведни и ќе излезе вистината на виделина.

Се потврди тоа што го зборевме со месеци дека жената мисли дека може да прави се што сака, дека може да извршува што сака а тоа ќе го видите со видео затоа што се е снимено. Микрофонот ми го скршија, ме нападна мене физички а чекам после потврда и од лекар кога ќе завршам овде во станицата. Морам да ги пофалам и полицајците за нивната коректност. Ќе видите како реагира еден извршител кој си има работа со човечки судбини, ама овде изгледа работи како да ги уништи тие судбини„ рече во своето обраќање Салиу.