Најубавите подароци во животот не доаѓаат во убава хартија со машничка – наше е да ги препознаеме

Навистина е фрустрирачки да се минува низ тешки времиња во кои не знаеме како да постапиме, не знаеме колку долго ќе траат и како ќе завршат. Понекогаш посакуваме да имаме некаков прирачник за животот кој ќе ни помогне да изодиме чекор по чекор, без да се соочуваме со проблеми.

Вистината е дека секој од нас се соочува со овие работи на различен начин. Немаме прирачник како да живееме и не треба ни да имаме.

Кога ќе поминат сите тешки денови, сите предизвици, сите мигови кога не можеме веќе да издржиме. По сета борба и болка, доаѓаат убавите денови за кои живееме. Доаѓаат така ненадејно и тоа е нивната убавина. Тие не потсетуваат зошто живееме.

Постои тага и во малите и големите моменти, го знаеме тоа. Но, не треба да заборавиме дека така е и со среќата. Најголемите подароци во животот не доаѓаат во убава хартија со машничка. Тие доаѓаат по најтешките моменти во нашите животи. Така и знаеме најдобро да ги цениме.