Најдете нова омилена дестинација: 5 српски градови кои мора да ги посетите

© Nenad Nedomački

Автор: Туристичка организација на Србија

Од рамниот север до ридскиот југ, од зеленилото на пространите рамнини до височините на моќните планини, Србија има многу тајни кои чекаат да бидат откриени од страна на љубопитните гости. Големите градови нудат избор на атракции и активности за сечиј вкус и интерес, прекрасната природа повикува на релаксација и одмор, додека помалите градови нудат допир од минатото маскирани во модерна облека, зачувувајќи ги вредните традиции кои се интересни за многу патници. Таму веројатно нема да ги најдете метежот и вревата на големите центри, нема да морате да резервирате ресторан денови однапред, секогаш ќе има места за спиење во хотелите, а домаќините ќе можат целосно да ви се посветат, бидејќи има време за сѐ! Во продолжение ви пренесуваме пет српски градови во кои можеби не сте биле, но кои ќе ви понудат совршен одмор, далеку од стрес и без постојано гледање во часовникот. Бидејќи живеат и дишат под влијание на различни култури, овие градови се вистински сведоштва за мултикултурна Србија, каде што своето место го наоѓаат луѓето од различни религии и светогледи, кои на сите им пружаат безбеден и удобен дом и совршено добредојде и гостопримство за своите гости. 

АПАТИН

Сместен покрај бреговите на моќниот Дунав, веднаш на границата со Хрватска, Апатин е град за кој можеби сте слушнале поради неговата позната пиварница. Исто како и цела Војводина, и овој мал град со околу 30 илјади жители е вистински пример за мултикултурализам и соживот на различни народи и култури. Сите заинтересирани за културни богатства ќе најдат голем број православни цркви во Апатин, како и католичка црква и синагога. Дефинитивно треба да се истакне православната црква Собор на Светите Апостоли, изградена во духот на старата српска традиција и познатиот српско-византиски стил, која се наоѓа на самиот брег на Дунав. Бидејќи сте во Војводина, каде животот отсекогаш се вртел околу рамнини, вода и зеленило, најдобар начин да ги запознаете локалните обичаи и традиционалниот начин на живот е Етно куќата Маргита, изградена од 1927 до 1929 година, која ги враќа своите посетителите назад во времето кога е изградена. Бројните експонати од 19 век кои го красат пространиот, ограден двор придонесуваат за ова враќање во минатото на Војводина и Апатин, додека станбениот дел од зградата ги задржал изгледот и функционалноста што ги имала во првата половина на 20 век.

© Luka Šarac

А природата околу градот? Секако, Дунав во областа Апатин крие бројни тајни кои треба да ги откријат љубителите на природата. Еден таков е секако полуостровот Апатински дунавец. Овој рај во природа собира бројни рекреативци, рибари, шетачи, со голем број камп приколки чии сопственици поминуваат поголем дел од пролетта и летото таму. Густата сенка, природата и водата создадена за капење го прават ова место една од најпопуларните дестинации за екскурзија. Доколку сакате да пробате традиционална војводинска храна, бројните фарми, мали фарми и ресторани ќе ве пречекаат со раширени раце.

ВРДНИК

Во националниот парк Фрушка Гора сместен е малиот планински бисер, во кој најмногу ќе уживаат љубителите на активни одмори и велнес. Во близина е Нови Сад, па одморот во природа можете да го комбинирате со посета на еден од најубавите и најживи српски градови. Што ја прави Фрушка гора посебна? Многубројните патеки за пешачење и велосипедизам, термални комплекси и голем број манастири кои денес се големо културно богатство. Од 35-те манастири кои некогаш се наоѓале на Фрушка Гора, денес се зачувани 17. Ако тргнете од големиот велнес центар и етно ресторан во срцето на зеленилото, кратка прошетка ќе ве однесе до Врдничката кула, кој пружа одличен поглед на падините на Фрушка Гора. Самата кула некогаш била дел од утврдениот град Врдник, кој се споменувал во далечната 1315 година.

© Dragan Bosnić

Доколку сте љубители на виното и гастрономијата, на падините на Фрушка Гора се наоѓаат бројни винарии кои нудат континентални вински сорти. Најпознатата сорта од Фрушка Гора е Бермет, десертно вино кое со посебна љубов се негува во тој крај. На крајот, треба да се истакне настанот „Тур де Фрушка“, кој од година во година носи се поголем број на љубители на велосипедизмот, планинарењето, трчањето... и природата воопшто. МТБ маратонот и треил трката се само дел од програмата што ја прави пролетта совршено време за посета на Фрушка Гора!

НОВИ ПАЗАР

Нови Пазар е украсен со богато културно и историско наследство од периодот на неолитот и железното време, преку Римската и Византиската империја, средновековната српска држава и отоманскиот период, поради што градот денес го краси мултикултурен дух и европски шарм. Се наоѓа на реката Рашка во југозападна Србија и е дом на бројни споменици кои сведочат за богатата културна историја на градот. Најистакнати се Новопазарската тврдина, која се наоѓа и на градскиот грб, неколку џамии, меѓу кои и џамијата Алтун - Алем, изградена на почетокот на 16 век, една од најубавите и најстарите на овие простори, која е во функција и дене. Доколку сте заинтересирани за гастрономски специјалитети, домаќините ќе ви организираат гастрономска тура која вклучува ручек или вечера, како и дегустација на печено кафе, малинада, џулсија, боза, баклава, мантија и ќебап.

© Oksana Skendžić

Договорете се со водич кој ве води низ градот за да создадете совршена комбинација на посета на знаменитостите на градот и дегустација на локалната кујна. Манастирот Ѓурѓеви ступови на ридот над Нови Пазар е еден од најубавите православни манастири од 12 век. Неговата важност беше потврдена и од УНЕСКО и заедно со манастирот Сопоќани, Петаровата црква и остатоците од тврдините Рас и Градина, бea вклучен во списокот на светско културно наследство под заедничкото име „Стар Рас со Сопоќани“.

СЈЕНИЦА

Градот Сјеница се наоѓа во близина на Нови Пазар, исто така во југозападна Србија. Југоисточно од градот се наоѓа Пештерската висорамнина, со бројни природни и културни убавини. Во самата Сјеница се наоѓа џамијата Валиде Султан од 19 век, со купола на висина од 15 метри. Друг значаен споменик на исламската култура е џамијата во Углу од 1703 година, најстарата џамија во Сјеница. Меѓу другите културни споменици се црквата Св. Архангел во Куманица, како и манастирот Куманица. Сепак, најголемата атракција на овој е подарок од природата.

© Oksana Skendžić

Во близина на градот се наоѓа уникатен пејзаж со меандрите на реката Увац и кањон исполнет со Сјеничкото езерот. Сето ова се наоѓа на едно место, на само шест километри од Сјеница. На брегот на езерото, живее најголемата колонија на Балканот. Станува збор за ретки, но и најголеми птици во Србија - белоглавите мршојадци. Езерото Сјеница е мека за планинари и други страсни љубители на природата. Најдобро се набљудува преку еден од видиковците, од кои најпознати се Молитва, Голем Врв (Замрзнат видоковец) и Рамен Крст. 

НИШ

Кога сте на југ, бидете јужњаци! Третиот по големина град во земјата, Ниш е регионален, административен, културен, економски, конгресен и универзитетски центар на југоисточна Србија. Поради својата локација во плодната нишка котлина, опкружен со моќните масиви на Сува Планина, планината Селичевица  и Сврљишката планина, тој е атрактивно место за живеење уште од самиот почеток на цивилизацијата на европско тло. Познат како родно место на римскиот император Константин Велики, Ниш е бисер на археологијата, историјата, културата и гастрономијата кој не може да го заобиколите. На патот до центарот на градот се наоѓа Келе Кула, или кула од човечки черепи, уникатен споменик изграден од черепите на српските воини. Откако ќе бидете во градот, прошетајте низ импресивната Нишка тврдина од 18 век, во која се сместени турска бања, џамија, лапидариум со римски надгробни споменици.

© Dragan Bosnić

А познатата гастрономија? Улицата „Казанџиско сокаче“ ќе ве врати во времето и ќе ве освежи со одлична гурманска понуда. Некогаш исполнета со ѕвонењето на обрачи за буриња, ѓезвиња и котли со ракија, а сега со џагорот на многубројните посетители, оваа шарена улица ќе ви остави најдобар впечаток за пулсот на градот. Во летните месеци градот станува фестивалски центар. Секој август во Ниш се одржува Меѓународниот џез фестивал Нишвил. Секој град има нешто што го прави препознатлив. Во Ниш тоа се шармот, веселиот дух, гостопримството и јужниот шарм на нишлиите. 

Повеќе за убавината и понудата на Србија можете да дознаете на веб-страницата на Туристичката организација на Србија.