Најавениот протест не се одржа - МВР го појасни случајот

Откако вчера беше најавен протест за случајот „Монструм“, роднините на обвинетиот изјавија дека тие всушност ќе протестираат следниот петок. 

Од друга страна, МВР тврдат дека организаторот го најавил протестот за денеска и тие постапиле соодветно како што налагаат правилата и протоколите во вакви ситуации. 

„Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот. Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење. Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста“, објаснуваат од МВР. 

Најавата за овој протест беше најавена вчера, заедно со изменетиот режим на сообраќај поради истата причина.