Над 200 казни изречени за еден ден поради брзо возење

Полицијата изрече 223 санкции низ државата за еден ден поради брзо возење.

- Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.