МВР урива рекорди, казнети 807 возачи за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 807 возачи.

Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР