На Матка четврти ден нема автобус - патот е замрзнат, а граѓаните одат пешки 3 километри

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сарај Мартин Стојановски преку статус на Фејсбук пишува дека веќе четири дена Горна и Долна Матка немаат автобус.

Четврти ден Горна Матка и Долна Матка немаат автобус. Четврти ден патот е замрзнат и оние граѓани кои немаат автомобил одат пеш 3 км до соседните села па одтаму се качуваат во автобус. Колку ли еден градоначалник треба да е незаинтересиран за своите граѓани што еден обичен пат од неколку км го остава замрзнат и граѓаните остануваат на милост и немилост.
Еве сонцето изгреа, денес ќе биде времето погодно за топење на мразот по улиците па Петре Шилегов и неговите заспани институции ќе нема потреба да се грижат за граѓаните на Сарај.
Никогаш повторно лош татко на градот Скопје, стои во неговиот пост на Фејсбук.