МВР казни 142 возачи на територија на Скопје

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 142 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за управување под дејство на алкохол...

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.