Музичка забава со групата „Пеперминт“ во „Винтерленд“

Од 15 декември до 31 декември Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, претстојната недела е одлична можност да се посети „Винтерленд“ и да се ужива во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот дел денеска почнува во 18 часот со настап на хорот на СУГС „Панче Арсовски“ и со улични забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе се одржи натпревар во изработка на скулптури од дрво.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настап на музичката група „Пеперминт“.