Денеска во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи мултимедиајлен настан на НУ Танец во соработка со Кинотека на РСМ, организиран во рамките на чествувањето на 75-годишнината од основањето на Танец.
Во него се предвидени повеќе содржи – проекции, осврти, презентации, дебата, ревијални и музички перформанси, кои во својот фокус го имаат Танец, како еден од највлијателните и најинспиративните ансамбли во целокупната култура кај нас и во светот. Сите учесници, низ сопствена перспектива ќе го опсервираат Танец, како жив чувар на македонското културно наследство и како нивна лична инспирација.
Влезот за настанот е слободен.