МПЦ-ОА најави протест против Законите за родова еднаквост и матична евиденција

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Аерхиепископија, на својата редовна седница во пленарен, односно, полн состав, одржана вчера, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што се осврна и на актуелните информации за измена на предлог законите за матична евиденција и родова еднаквост.

- Светиот Архијерејски синод изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95% од населението. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка- семејството. Негативните последици од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот, каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие Закони, длабоко сме загижени и доведени до ситуација да мора да го заштитме и одбраниме семејството, а пред се нашите деца. Повикуваме, во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права, да ни се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите подржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 т.5 од предлог - законот, и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Сб. Климент Оххридски““ во Скопје, на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие Закони, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.