Димитар Андоновски јавно даде поддршка за најавениот протест на МПЦ (видео)

Познатиот пејач Димитар Андоновски јавно даде поддршка за најавениот протест против процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

- Имаме должност да ја заштитиме нашата вера, нашите семејства, а пред се нашите деца. Имаме должност да ја заштитиме нашата Мајка Црква, вели тој преку видео порака. 

 Во четврток Македонската православна црква ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје кој ќе биде мирен и има за цел да се искаже гариженоста поради носењето на овие закони.