Млада девојка лажно пријавила во полиција дека била принудувана на проституција

19-годишна девојка од скопско Шуто Оризари лажно пријавила насилство во полиција и дека била принудувана на сексуални услуги за пари. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(19) од Шуто Оризари, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“. На 18.01.2024, пријавената лажно пријавила дека Е.И. од Тетово насилно ја држел во неговиот дом и дека и биле понудени пари за сексуални услуги, извести полицијата.