Митева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина

После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа. Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка“, рече Митева.

Како што додаде, на Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.