Лидерот на ЛДП Горан Милески најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен францускиот предлог.
– Доколку Владата го прифати францускиот предлог таков каков што е, најавувам дека ќе си поднесам неотповиклива оставка од член на Владата. Ќе направам се што е во моја можност да ја спречам бугаризацијата на нашата историја, напиша попладнево Милески на „Фејсбук“.