Мехмедовиќ: Вакцинацијата е основниот елемент за превенција против пертусис

Во гостувањето во емисијата Вин Вин на Телма, д-р Злате Мехмедовиќ д –р од Комисијата за заразни болести вели дека вакцинацијата е единственото нешто за да се спречи заразата со пертусис.

-“ Тоа значи дека ако е тоа првата линија сите овие останати пропратни елементи кои што можеме да ги користиме, мислам дека затворањето на границите е надвор од здравата логика, тоа КОВИД-от ни го покажа дека практично не можете да го контролирате заразното заболување кога вашата околина е преплавена со позитивни случаи. Меѓутоа овие препораки за носење маска, миење раце, одржување на хигиена, внимателност на тоа кои површини се допираат и како се допира, бидејќи потоа лицето или носот може да се контаминира. Најголемиот апел кој што можеме да го упатиме до родителите е да ги вакцинираат децата. Не е дека не можеме да препорачаме многу работи и маските и хигиена, но немојте тоа да го правите да биде замена за вакцинација на вашите деца, истакнува Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ апелира на поголема свесност за ефикасноста од вакцинацијата. Според него родителите треба да се осврнат на истражувања од релевантни извори, наместо да им обрнуваат внимание на сензационалистичките наслови на социјалните мрежи.

-“ Потребен е многу висок процент на вакцинација за да размислуваме дека ќе имаме безбедна држава, сериозноста на заболувањата кои се превентабилни со вакцина се со причина ставени во редовниот календар на имунизација затоа што тие заболувања може да доведат до пред се акутни компликации, но можат да доведат и до долгорочни компликации, изјави Мехмедовиќ.