Мехмедовиќ : Опфатот на вакцинација на децата е многу намален по Ковид-пандемијата

Загрижувачка е ситуацијата со вакцинацијата против морбили која е на ниски 70% вели д-р Злате Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести за СТУДИО 10 на ТВ 24. Тој додава дека во Романија веќе има епидемија но и кај нас може да дојде до тоа ако има некој увезен случај. Мехмедовиќ како дополнителен проблем ја посочува магарешката кашлица која трае долго и ги засега децата и која може да предизвика последици.

- “Вгодина не чека отворен фронт против заразните болести кои можат да се рпевенираат со вакцинација. Да не дозволиме да се случуваат тешки па и смртни последици за болести кои можат да се превенираат со вакцинација. Ете, во Европа повеќе нема полио благодарение на вакцините“, вели Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ вели дека морбили имало еден случај во ноември, а пертусис два случаи во септември, што е незначителна бројка, но тоа што нема случаи не значи дека во овој период на патувања нема да дојде до увоз на болеста.

Тој апелира да не се шират дезинформации дека има поврзаност меѓу вакцината против морбили и аутизмот и дека за тоа се потрошени милијарди долари да се докаже. Мехмедовиќ додава дека сите вакцини што се примаат во Македонија се според стандардите на ЕУ и се со несомнен квалитет.