Малолетник со мопед настрада во сообраќајка во Неготино по полноќ

Малолетник со мопед е тешко повреден во сообраќјка во Неготино. 

Денеска во 01.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ацо Аџи-Илов“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа“, управувано од Т.К.(34) од Неготино и мопед „априлија“, управуван од малолетник од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Кавадарци, информираа од полицијата. 

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино.