Малолетник нападнат од друг малолетник во училиште

Четириесет и едногодишниот Р.К. од гостиварско Здуње, вчера во 19 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син околу 15 часот и 30 минути во просториите на основното училиште, во кое учел, бил физички нападнат од друг малолетник.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.