Во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
Како што соопшти МВР, при контролата констатирани се 43 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 18 возила.
-Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.