Уште една наставничка приведена, малтретирала ученици

Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.  

Инаку ова е втор ваков случај во два дена, откако вчера МВР информираше за сличен настан со пријава на наставник од Пробиштип кој доби кривична пријава .

Кривичната пријава е против В.П.(55) од с.Злетово, пробиштипско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

На 28.09.2023 во спортска сала во училиште во Злетово, пријавениот наставник физички нападнал ученик во училиштето.