Малолетник и уште едно лице искасани од улични кучиња во Скопје

Малолетник каснат од улично куче во скопско Морани: Пријава за напад од бесомно куче имало и во Гази Баба. 

На 14.04.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.З.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ш.(33) од с.Морани, скопско, пријавил дека во село Морани неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.