74-годишна скопјанка и нејзиниот син каснати од куче на „Партизанска“

Две повозрасни скопјанки и уште неколку лица вчера во полиција пријавиле каснувања од улични кучиња. 

На 01.04.2024 во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, В.В.(44) пријавил дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, тој и неговата мајка Р.В.(74), двајцата од Скопје, биле каснати од куче скитник.

На 01.04.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Н.(77) од Скопје пријавила дека во паркот на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.04.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.