Малолетничка прегазена на булевар во Аеродром

Малолетно девојче е удрено вчеравечер од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.

Девојчето е пренесено во болница, а екипи на МВР извршија увид на местото на несреќата.

Се очекуваат дополнителни информации од МВР.