Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски размислува да се пријави на НБА драфтот

Ваква информација сподели самиот Јакимовски на социјалните мрежи каде најави дека размислува да се пријави на изборот за нови кошаркари на НБА кој е закажан за втората половина на јуни. Ако успеее во својата намера Андреј Јакимовски би бил вториот кошаркар што ќе заигра во најсилното кошаркарско натпреварување на планетава.

„Ќе ги разгледам опциите, а размислувам и да се обидам на НБА драфтот. Во исто време постои и можност да се вратам во Вашингтон Стејт“, сооошти Јакимовски.

Јакимовски во претходните четири години настапуваше за универзитетот Вашингтон. Во случај да стигне до НБА лигата Јакимовски би бил првиот Македонец кој до најсилната кошаркарска лига во светот стигнал преку драфтот. Досега само Перо Антиќ ја претставувал Македонија во НБА.